Краткотрајно невреме, со силен ветер, обилен дожд и со ситен град, попладнево го зафати Дебар. Силниот ветер турна повеќе контејнери за отпад, по што веднаш интервенираа екипи на Јавното комунално претпријатие Стандард.
„По силното, но, за среќа, краткотрајно невреме во градот, на неколку локации беа превртени контејнери за отпад, при што ветрот ги разнесе на сите страни, па и на повеќе улици. Излеговме на увид и наши екипи ги расчистуваат просторот и улиците, рече директорот Бурим Каба и додаде дека мораше и сообраќајната полиција да го регулира сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.