Македонските фанови, конечно, ќе можат да учествуваат на настан инспириран од светот на „Pokémon“ (Покемон)!

На 23 март (сабота), во 18 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја.

Интерактивниот настан, кој „Литература.мк“ го организира во соработка со „Комикс“ и „Пагода“, ќе почне со презентација, по што следува размена, играње и едукација на безвременските карти, турнир во мобилната видеоигра Покемон ГО, а сето ова ќе биде проследено со тематска музика, аниме-инсерти и вистинска покемон-атмосфера! „Литература.мк“ ќе обезбеди награди и вредносни ваучери за победниците на турнирот.

Пријавувањето за учество во турнирот во Pokémon GO е на info@literatura.com.

„Литература.мк“, како најголем застапник на производи инспирирани од светот на Pokémon, ќе обезбеди многубројни изненадувања и награди за посетителите. Исто така, од 15 до 24 март има 20 % попуст за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk на дел од производите на Покемон.

Pokémon е една од најпопуларните јапонски франшизи, која се состои од видеоигри, анимирани серии и филмови, размена и игри со карти и друго. Франшизата се одвива во заеднички универзум, во кој луѓето коегзистираат со суштества познати како Pokémon.

Настанот во „Литература.мк суперстор“ е од отворен тип и е наменет за фанови од сите генерации!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.