За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од повеќегодишниот просек за јануари.

Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари.

Нивоата на реките во земјава се во рамки на јануарскиот просек, со одредени отстапувања во нагорна или надолна линија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.