Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај и се празнува преносот на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив.

Покрај зимскиот празник Танасовден нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Во Македонија свети Атанасиј има силен култ. Како еден од столбовите на христијанската црква, нему му се посветени многу цркви.

Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.