Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне во делови од скопската котлина ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Утре и во следните денови во попладневните часови на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.