Пензионерите со јунските пензии ќе може да располагаат од 28-ми месецов. Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информациите за пензиите да ги достави до банките најдоцна до 27 јуни.

Пензионерите што имаат картички од банкомат може истиот ден да ја подигнат пензијата. Останатите што сакаат на шалтер ќе мора да ја подигнат пензијата во својата група.

Како и досега исплатата на шалтер ќе се врши во 4 групи:

до 11 000 денари да се исплатат на 28 јуни
од 11 000 до 14 000 денари да се изврши исплата на 29 јуни
од 14 001 до 18 000 денари ќе ја добијат пензијата на 30 јуни
над 18 001 денари на 1 јули



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.