На патот ГП „Блаце“ – Скопје, на потегот каде се во тек градежни работи, од утре се воведува дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП „Блаце” – Скопје (клучка „Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП „Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2 километри пред ГП „Блаце” од 17.06.2022 година на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој, соопшти АМСМ.

Упатува препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.