Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година. Законски обврзници се деца кои се родени од 1 јануари 2016 година до 31 декември 2016 година, односно кои во овој период ќе наполнат 6 години.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години и до 31 јануари 2023 година, но по претходно барање од родител/старател и добиено мислење од педагог/психолог во училиштето.

За упис на првооделенците потребно е извод од матична книга на родени, државјанство за ученикот доколку е роден во странство, лична карта од родител/старатле на увид, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна иснтитуција. Воедно потребни се и медицински потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.