Сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате од вечерва во 22 часот до утре во 5 часот изутрина ќе биде во целосен прекин поради изведување градежни работи од градежната компанија „Штрабаг“, по што ќе биде пуштен во редовен тек, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.