Времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд, а на планините слаб снег. Од среда ќе има намалување на облачноста и пораст на дневните температури, информираат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.