Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно време со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.
За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи.
Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.