Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени – 2 степена, а висината на снежната покривка изнесува четири сантиметри. Нула степени се регистрирани во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови и Лазарополе, еден во Тетово, Битола и Крушево, два во Прилеп и Виница, три во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија и Струмица, четири во Охрид, пет во Дојран, а шест во Претор и Гевгелија.
Управата за хидрометеоролошки работи најавива дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.