Најмногу наврнат воден талог од 27 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа има во Струмица, а најмалку во Битола, еден литар на метар квадратен.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, следат Демир Капија со 26 л/м2 и Попова Шапка со 25, потоа Пожаране – 24, Прилеп и Виница – 22, Штип – 21, Крушево и Охрид – 20 , Тетово – 19, Дебар – 17, Маврови Анови – 16, Берово – 15 , Куманово – 13, Скопје Зајчев Рид – 12, Крива Паланка – 7, Гевгелија – 5, Претор – 3 и Битола – 1.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
И денеска се очекува променливо и облачно време со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.