Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 февруари. Денеска се празнува Свети Тарасиј Цариградски.

Свети Тарасиј беше ракоположен за цариградски патријарх во 783 година. Тоа е време кога беснееше иконоборечката ерес. Пред тоа Тарасиј беше сенатор и царски советник, а беше избран за патријарх по советот на неговиот претходник, патријархот Павле, кој тајно се повлече од катедрата во еден манастир.

Свети Тарасиј беше претседател на Седмиот вселенски собор во 787 година, на кој му беше зададен решавачкиот удар на иконоборството. Ова големо светило на православната црква се упокои во 806 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.