Вистински хаос се случува вечерва на Грчка граница. За влез во Македонија од грчка страна се колони возила во три ленти и се чека по три и повеќе часа за да се помине преминот Евзони.

Граѓаните од Македонија, со кои контактиравме, велат дека не знаат што се случува, но дека возилата се пропуштаат многу бавно.

Никој официјално не информира на што се должи застојот, но во шега велат доколку вака продолжи втор ден Велигден ќе го дочекаат на граничен премин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.