Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и посвежо време. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.