До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен, особено денес и утре Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Денес во западните предели ќе има услови за повремен слаб дожд, додека на планините над 1500 м.н.в ќе провејува слаб снег.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени,а наутро истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Најстудено утро ќе имаме во сабота кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од о до 3 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.
Нов влажен и УШТЕ ПОСТУДЕН бран од север се очекува во недела особено доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник кога се очекуваат нови врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне СНЕГ а снежната граница особено во западните и во северните предели локално ќе се спушти дури и под 1000 м.н.в, со што провејување на снег се очекува понекаде и во населените места.
На планинските места и скијачките центри се очекува ново формирање, како и зголемување на снежната покривка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.