Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места, особено попладне и во вечерните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови.

Минималните температури ќе се спуштат до 12, а максималните ќе бидат до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта.

Минималната температура се спушти до 14, а максималната ќе се искачи до 31 степен Целзиусов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.