До крајот на денов сончево и топло со мала до умерена локална облачност. За попладне синоптичарите најавуваат локална појава на пороен дожд и грмежи претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде до 36 степени
Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.