Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер и над 70 километри на час. Локално врнежите и силниот ветер ќе бидат и во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од Скопската Котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Утре ќе има слаб локален дожд, а в недела ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.