Поради планирани технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош.
Во период од 8:30 до 14:00 часот без струја ќе биде улица „Есеинова“, помеѓу булеварот „Трета Македонска бригада“ и СЕАВУС, додека во период од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе биде улицата „Горноврановска“, во општина Аеродром.
Без електрична енергија од 08:00 до 14:45 часот ќе биде дел од улицата „Христо Татарчев“ бр. 15 и бр. 19, а од 12:00 до 15:00 дел од улица „Иван Козаров“ бр. 56, 58 и 60 во општината Кисела Вода.
Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улица „Леринска“ во Карпош, а од 10:00 до 14:00 дел од улица „Ибе Пликуќа“ и улица „Манчу Матак“ во Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.