Поради уличен водоводен дефект од ф-80мм на ул.„Томас Минцер“ бр.16 во населба Хиподорм, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“ и „Сава Михајлов“.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 10:30 часот до завршување со работните активности.
Поради дефект на приклучна водоводна цевка од ф-1“(цол) на ул.6 бб во населба Бардовци, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците 4 и 6 во оваа населба.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 10:05 часот до завршување со работните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.