Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје по добиено известување од ЕВН соопшти дека утре од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Влае“ и „Франце Прешерн“ во Општина Карпош.
Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците „Ангел Димовски“ и „23 Октомври“ во Општина Аеродром.
Прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.