Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон ја споделија годинашната фотографија за нивната божиќна честитка.

На избраната фотографија, принцот и принцезата од Велс позираат со нивните три деца – десетгодишниот принц Џорџ, осумгодишната принцеза Шарлот и петгодишниот принц Луис. Што се однесува до модните комбинации, сите се облечени во бели кошули, принцезите се облечени во фармерки, а принцовите во црни панталони.

Фотографијата е дело на ценетиот британски фотограф Џош Шајнер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.