Заврши рочиштето на кое се одлучуваше за старателството врз децата на Шакира и Жерар Пике. Како што соопштија шпанските медиуми, вчера паднала одлука со која и двајцата поранешни партнери се согласиле дека ќе биде најдобра за нивните два сина, Милан (9) и Саша (7).
Тие ќе живеат со нивната мајка во Мајами, каде што колумбиската ѕвезда реши да се пресели по разделбата со шпанскиот фудбалер.
Пике ќе има право да ги зема 10 дена секој месец плус за време на школските одмори, потврди неговиот адвокат Роман Тамбореро.
Не се работи за тоа кој победил или загубил, ако има победник во ова, тоа сигурно се децата, изјави Тамбореро по крајот на преговорите, кои траеја неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.