Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска доби нова улога станувајќи татко. Неговата сопруга Франциска Марија Перелјо во приватна клиника во Палма де Мајорка роди син, Рафаел Надал јуниор.

Сопругата на Рафа, имаше здравствени проблеми за време на бременоста поради што тенисерот одлучи да остане покрај неа и пропушти неколку турнири. Франческа дури беше хоспитализирана во приватна клиника, но за среќа, породувањето помина во најдобар ред.

Новопечените родители убавата вест ја објавија преку социјалните мрежи и веднаш се повлекоа од јавноста за да му се посветат на најмалиот член на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.