Родителите на малата Јана Христовска, која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија, велат дека ќе се селат од државата.
– Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на Јана.
Завчера пред Основното јавно обвинителство во Битола се одржа протест „Правда за Јана“, на кој беше изразен револтот на одлуката на Обвинителството.
– Сите велат дека е срамно ова што излезе сега со судска медицина. Ова е срам за државата. Очекувавме да го отфрлат предмето, но не толку брзо бидеќи ние како оштетени имаме право на некои барања и други докази, велат тие.
Извор: Skopjeinfo.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.