Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помлад син на кралот Чарлс III, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му бил дијагностициран рак.

Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста.

Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон.

Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментно се наоѓа во Кларенс Хаус.

Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка, пишува „Телеграф“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.