Проблематичниот син на покојниот Амди Бајрам, копачот на биткоини, Габриел, синоќа го женеше синот Валентин. „Скромната“ семејна веселба се одржа во „Александар Палас“, а на неа пееше српскиот турбо-фолк пејач Адил Максутовиќ.

Дваесет и едногодишниот Валентин Бајрам ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка Деби Курто пред повеќе стоитини гости, роднини и пријатели.

Валентин е првиот внук на поранешниот лидер на Ромите. Тој го носи името на славниот италијански дизајнер Валентино Версаче. Отсекогаш имал посебен третман во семејството. Широкоградиот Амди за внукот правеше сунет на брод среде Охридското Езеро, но не исчека да го ожени. Кобна беше свадбата на сестра му Перихан, од која Бајрам се врати со корона и по кусо боледување почина.

Лани Валентин наполни 20 години, а неговиот татко, копачот на биткоини Габриел Бајрам на својот профил на „Фејсбук“ му го честиташе роденденот на својот син. Тој му подарил „порше“, но му порача да се заколне во џамија дека нема да вози над 150 километри на час.

Свадбата на сестрата на Валентин, Перихан, исто така беше тема за која се зборуваше пред две години.

Откако обидот за организирање на свадбена веселба во ресторан во Шуто Оризари на 11 октомври 2020 му пропадна, поради забраната за организирање на свечености, тој за рекордни шест дена успеал да организира раскошна свадбена веселба во Истанбул, Турција, и да ја исполни желбата на внуката и на најблиските.

Поканата за Шутка:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.