Британскиот крал Чарлс Трети денеска во воена униформа и со капата од мечкина кожа изврши преглед на војниците по повод неговата прва роденденска парада како суверен, при што јаваше коњ, што е првпат за монарх од 1986 година.
Парадата, која се организира секоја година во јуни, го одбележува официјалниот роденден на кралот, кој на 14 ноември ќе наполни 75 години, а потоа приватно ќе го прослави настанот.
Кралот ја напушти Бакингемската палата во лесна поворка под облачно небо нешто по 10:30 часот по локално време. Тој беше придружуван од неговиот брат, принцот Едвард, неговата сестра, принцезата Ана, како и неговиот син, престолонаследникот Вилијам. Сите беа на коњи.
Во кочија ги следеа кралицата Камила, принцезата Кејт и нејзините три деца – Џорџ, Шарлот и Луис.
Традицијата на парадата „Trooping the Color“ датира од времето на владеењето на Џорџ Втори во 1748 година, кој иако е роден на 30 октомври, сакал да го искористи убавото време за да го прослави својот роденден.
Настанот секогаш привлекува голем број граѓани околу Бакингемската палата, каде што се одржува парадата.
Кралицата Елизабета Втора, која почина во септември на 96-годишна возраст, не се појавила на седлото од 1986 година за време на тој симболичен настан.
На свеченоста организирана во центарот на Лондон учествуваат околу 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи.
Кобилата Јуно, именувана по кралицата Камила, ја водеше парадата, а потоа три коњи со тапани – Персеј, Атлас и Аполон.
Коњите кои ги носат тапаните за време на парадите се најискусните животни во британските вооружени сили. Тие имаат чин мајор и се именувани по ликови од грчката митологија.
Оваа церемонија потекнува од подготовките за војната, каде што сите знамиња им биле покажани на војниците за да ги препознаат среде битките.
Првиот баталјон на велшката гарда годинава е во центарот на вниманието, а по прегледот на војниците, кралот, кој како шеф на државата е врховен командант на вооружените сили, ја води поворката до Бакингемската палата.
Заедно со кралицата Камила и другите членови на кралското семејство, кралот потоа ги поздрави граѓаните од балконот на палатата и ја следеше парадата во која беа испукани 41 топовски вод од Грин парк.
Прославата на кралскиот роденден е повод за објавување и доделување одликувања на различни личности.
На листата на почестени годинава се романсиерот Мартин Ејми, кој почина во мај, режисерот Стивен Фрирс, уредничката на магазинот „Вог“ Ен Винтур и 18-годишната студентка Џуниор Фруд, активист за борба против врсничкото насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.