Францускиот војник Жан-Стивен Декудие и девојчето од Косово  Милица Ѓорѓевиќ Бојковиќ во 2000 година  се гледале речиси секој ден. Милица и по долги 20 години останала во срцето на Жан и се вратил да ја најде.

На 13 јануари 2024 година,  повторно допатувал во Крагуевац каде што сега живее Милица за да се видат повторно.

– Ми недостигаше, се разбира, но одржуваме контакт и секако ќе се трудам што повеќе да се гледаме – започнува Французинот.

Милица сега е возрасна жена, мајка на две деца.

Французинот во текот на 2000 и 2001 година бил војник во меѓународните трупи на Косово. Француската база се наоѓала прво во Бањска, а потоа и во Нови Село, а причина за престојот на војниците биле интервенциите во Косовска Митровица, вклучително и заштитата на таканаречениот мост Аустерлиц, кој во тоа време бил уништен.

Жан-Стивен ги штител и конвоите во кои во текот на денот се превезувале Срби од селото Гојбуља кај Вучитрн до Косовска Митровица за да добијат залихи. Додека го обезбедувал конвојот, забележал мало девојче кое со загрижен поглед ја следи нејзината мајка до камионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.