Постојат некои жени кои како во себе да имаат некој волшебен магнет со кој ги привлекуваат сите што ќе се најдат во нејзина близина.
На ваквите дами, се чини дека се им оди од рака, ги привлекува не само мажите, туку и среќата, добрите пријатели, парите…
Ова се шест лични карактеристики во кои лежи нивната тајна.
Секогаш се позитивни
Позитивниот став е работа на избор кој ваквите жени секојдневно го прават. Да, понекогаш и тие се со лошо расположение и немаат желба за ништо, но генерално, ваквите жени секогаш веруваат во најдобар можен резултат.
Преземаат одговорност
Лесно е да се биде позитивен кога сте сигурни дека сѐ е под ваша контрола. Но, магнетски привлечните жени преземаат одговорност и кога не оди сѐ како што треба. Барањето виновник во другите оддава впечаток дека од вас избива негативност и несигурност.
Вредно работат на својата среќа
Жените кои како магнет привлекуваат сѐ што е најдобро, не мислат по цел ден за позитивниот исход од некоја работа и не се убедуваат себе си дека сѐ ќе се заврши како што треба. Тие се од акција, тие ќе направат сѐ тоа така и да биде, не потпирајќи се на ѕвездите и на туѓата помош.
Не го бараат лошото во другите
Врските генерално се тешки, а уште потешки се кога постојано се обидувате да најдете нешто лошо во луѓето.
Личниот развој и целите им се приоритет
Луѓето некогаш се грижат дека ќе мораат да ги жртвуваат своите соништа поради семејството и врските со своите најблиски. Но, тоа е нешто потполно незамисливо кај овие дами. Тие гледаат да пронајдат личност која ќе ги поддржи во исполнување на нивните соништа. Освен тоа, тие знаат дека страста кон хобито ја спасува врската од монотонија и од досада.
Се грижат за себе – за сопственото добро
Ако не се чувствувате добро во сопствената кожа, нема да бидете ни сакани ни посакувани. Задоволството ни дава самодоверба која излегува од очите, движењата, гласот… таа е попривлечна од што било друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.