Исклучително се битни тие психолошко-педагошки тимови во училиштата но мора да се оттргне стигмата од одење на психолог. Кај нас тоа се уште се доживува како некој вид казна, вели психијатарката Васка Митова во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Пред една недела имавме ситуација малолетници да силуваат друг малолетник, а кој знае колку вакви случаи има. Затоа на секој знак треба да се направи консултација со стручно лице. Ако родителите не сакаат да прифатат дека детето има проблем, тој проблем ќе расте. Кај нас се малку застапени вештините на родителство, детето не се раѓа со прирачник како да се расне и воспитува, вели Митова.

Таа вели дека понатамошни вакви дејствија мора системски да се решаваат, оти многу е лесно да се обвини само детето или само родителите оти не е така. Митова апелира да се зголеми будноста оти не е можно ова да е импулсивна реакција затоа што има елемент на планирање.

И во нашето општество на пиедестал се става академската успешност, а не на останатите вештини кои треба да ги научи детето како моралните начела кои треба да се вградат во младата личност уште во градинка. Треба да научат за емоциите и да се јакне емпатијата. Петки може да има, ама ништо не вреди ако ги нема човечките карактеристики, вели Митова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.