Бадниковото лепче, меѓу верниците се подготвува на различни начини, класично округло, како погача, со бело брашно, или пак со пченкарно…Како и да е, едно е сигурно – во него ќе ставите паричка, која на верниците треба да им донесе среќа, изобилство и благосостојба.

Во некои култури се ставаат други предмети, кои симболизираат многу работи што ги сакаме во животот на нашето семејство, а се верува дека оние на кои ќе им падне паричката или другиот предмет во лепчето, ќе бидат здрави, богати, безгрижни…

Откако ќе го разделат лепчето, сите членови на семејството земаат парче од него, а потоа ги бараат предметте за да видат што ги чека во наредната година.

Што може да се стави во лепчето?

Паричка

Предметот без кој нема бадниково лепче е секако пара, а иако може да биде најобичен денар, во некои семејства традиционално во бадниковото лепче се става златна или пак, сребрена паричка.

Што и да одлучите да правите, барањето паричка е еден од омилените празнични ритуали на Бадник, а кај нашиот народ постои верување дека оној што ќе ја најде паричката во својот дел од лепчето ќе има среќа, ќе ужива во изобилство и ќе биде здрав целата година.

Дрвце од Бадникот

Дрвцето од Бадникот може да се стави во лепчето наместо паричката, или покрај неа, бидејќи суштината не е во самата пара, туку во симболиката на изобилството, а парче од дрвцето е и знак за среќа.

Дрен

Заедно со паричката, во лепчето обично има и дрен која симболизира здравје, во согласност со старата поговорка „здрав како дрен“. Така, оној што ќе најде дрен во лебот може да се надева дека ќе биде здрав во наредната година, а се верува дека тоа носи и плодност, па на тоа се надеваат и паровите кои сакаат потомство.

Пченка

Порано домаќинствата кои чувале свињи ставале зрно пченка во лепчето, бидејќи се верувало дека благодарение на тоа животните подобро ќе напредуваат и семејството ќе биде полно цела година.

Грав

Зрно грав исто така се ставал во лепчето, а постоело верување дека домаќинството кое чува овци ќе биде безгрижно затоа штотие ќе биде напредни и здрави.

Зрно пченица

Пченицата се додава на Бадниковото лепче во семејствата кои имаат кокошки и друга живина, со цел да се подобри нивното здравје.

Овес

Домаќините кои чуваат коњи се надевале дека од лепчетот ќе извлечат овес, што, според верувањата, означува дека овие животни ќе бидат напредни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.