Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „Мето Јовановски” за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа  на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, соопштија од Министерството за култура.

За остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права наградата им се доделува на:

– Платформа за одржлив развој „Лице в лице“ и

– Борче Стаменов

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември 2023 година (недела) во 12часот во Собранието на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.