Да се живее во Париз воопшто не е евтино. Кирија за стан од девет квадрати во француската престолнина чини 750 евра. Гарсоњера може да се најде за цена од 1.000 до 2.400 евра.

Млад Јутјубер, познат по прекарот Тимвикс, живеел во Париз во микро-стан и раскажува како изгледа да се престојува во толку мал простор. Тоалет нема во станот, туку тој е во ходникот и го дели со соседот. Станот има кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро, па дури и туш кабина. Има и место за складирање на лични предмети, од облека до прехранбени производи, тенџериња и слично.

Како што вели јутјуберот, освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.