Во последно време, трговските текови меѓу градовите на Балканот се променија, откако скопјани почнаа сè почесто да го посетуваат Врање за шопинг и за уживање во вкусната скара, додека жителите на Врање патуваат во Македонија за да купат евтин бензин и цигари, пишува „Денар“.

Па така, рестораните во Врање веќе започнаа да резервираат места за македонските посетители.

Планираме да ги прошириме нашите капацитети и да воведеме систем за онлајн резервации. Сакаме да се осигураме дека секој наш гостин ќе има удобно и пријатно искуство. Искрено, душата ме боли кога ги враќаме гостите поради тоа што нема слободна маса. А замислете, тие запалиле автомобил и тргнале дури од Скопје или од Куманово за да ручаат во мојата кафана, а јас не можам да им удоволам. Затоа, наскоро овие проблеми ќе станат минато, изјави за порталот сопственикот на еден популарен ресторан во Врање.

Овој феномен на шопинг туризам не само што ги зближува граѓаните на двете гранични области, туку и ја засилува локалната економија на обете страни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.