Иако жештините веќе фатија, на граничниот премин „Богородица“, како што информира АМСМ во пладневниот извештај за состојба на патишатата, за излез од државата во моментов се чека околу 20 до 30 минути.
Македонските граѓани, заедно со српските кои се решиле да поминат низ Македонија, веќе ги трошат годишните одмори во Грција.
Велат, задоволни се од цените, зошто очекувале поголеми поскапувања, имајќи предвид какви доживеале дома.
На Јонскиот брег работите останале исти. Покрај белиот песок и неверојатната сина боја на морето, пијачката во Врахос доаѓа со гратис лежалки. Фрапето чини 2.50 евра со шише вода.
На краците цената на кафето е меѓу 3 и 3.50 евра, но исто така на повеќето места не се плаќа за лежалки.
Гиро-питата се движи од 3.50 до 3.90 евра.
Цената на дизелот во Грциај се движи од 1.86 со 1.96 евра. На групите за споделувања искуства како „Live from Greece“ и „Grcka info“, српските туристи коментираат дека токму поради тоа што цените на горивата во Македонија стигнаа до нивото на Грција, веќе немаат потреба да ги полнат резервоарите во Куманово или во Гевгелија, зошто веќе не им менува.
Кога на овие трошоци ги додаваат и патарините, голем дел од оние кои ќе летуваат на Тасос, Кавала или Халкидики, велат дека ќе транзитираат низ Бугарија, што годинава им личи на поисплатлива варијанта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.