Иако секој производ има своја цена и купувач кој е подготвен да го плати сепак некои работи се претерани. Гости во Хрватска  седнале на ручек со пријателите во ресторан во Мали Лошињ со намера да јадат ракчиња. Шокот дошол кога келнерот им ја донесл сметката. Две порции им ги наплатиле 690 куни (околу 100 евра).

„Бев шокиран бидејќи на менито пишуваше дека ракчињата чинат 70 куни, но немаше објаснување. Не беше наведено дека 70 куни всушност е цената за 100 декаграми ракчиња-објасни гостинoт.

Поучен од сопственото искуство, тој вели: “Прочитајте внимателно што пишува на менито со риби. Не паѓајте на тоа како ние!”



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.