Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и се прави во Италија… Може да се нарача во крајбрежниот град Салерно.

Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола. Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки…

Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар – „Осиетра ројал престиж“, „Каспија осиетра ројал класик“ од Иран, „Каспија белуга“ и седум вида сирење.

За да се подготви оваа пица потребни се 72 часа.

Се разбира, има и други состојки. Најскапи се јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот – вели Виола.

Пицата „Луј Тринаесетти“ се служи со шампањ „Круг кло ду меснил“ или со ликер „Карта реал санчез ромат финос“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.