Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше чест и задоволство, како и можност да сподели искуства и да прими конструктивни совети од г-дин Валтер Флего, член на Европскиот парламент, претставник на Renew Europe (Renew) либерална, проевропска политичка групација.
На денешниот состанок со директорот Јаневски и претставници од Заедницата на Хрвати во Македонија европратеникот Флего имаше можност да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, за стратешките планови на Агенцијата за туризам за 2024 година, за потребата од реорганизација во Национална туристичка организација и следните чекори во туризмот да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и да ги усогласат со вистинските потреби.
Европратеникот Валтер Флего своето долгогодишно искуство во туристичкиот развој на Истарската жупанија го сподели искуството за значењето на одржливост на дестинациите и одговорно патување, за да се зачува автентичноста на туристичките локации, но и за недостатоците на масовниот туризам.
Европратеникот го посети Охрид, културните и историските знаменитости на градот, воодушевен е од убавината на регионот и гастрономските специјалитети.
Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија која посредува во делот на оперативните програми  и  ги спроведува во рамките на своите годишни активности, во блиска иднина ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка помеѓу Македонија и Република Хрватска.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.