Сѐ што ви треба е многу лубеница, но и силна волја, а диетата трае пет дена, за време на што треба да јадете околу половина килограм лубеница дури пет пати во денот.

Важно е да знаете:
Бидејќи диетата е екстремна, ни случајно не треба да ја држите повеќе од пет дена и доколку се одлучите да ја пробате, потребно е претходно да се консултирате со лекар. Исто така, овој режим на исхрана никако не треба да ја држат луѓе кои имаат камен во бубрегот, дијабетес или проблем со панкреасот.

Диетата со лубеница ќе го стабилизира нивото на сол во организмот и ќе ги отстрани вишокот течности од организмот, а би требало да консумирате околу половина килограм лубеница на секои пет килограми телесна тежина.

Ако потоа организмот е и понатаму јак, и ако сте се консултирале со лекар, можете да продолжите со уште пет дена од оваа лесна варијанта на диета со која ќе изгубите уште дополнителни три килограми.

План на исхрана

Појадок:
Чаша овесна каша и парче сирење

Ужина: Половина килограм лубеница

Ручек: 200г риба или пилешко и една зеленчукова салата

Вечера: Половина килограм лубеница на секои 15 килограми од вашата телесна тежина

Со оваа диета би требало да изгубите околу осум килограми, наведува healthy-dietpedia.com.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.