Јапонците важат за една од најздравите нации поради големата дисциплина во исхраната и вежбањето. Просечната жена од Јапонија е 160 см висока и има 45 до 55 килограми. Јапонките во 90 отсто од случаите немаат вишок килограми, дури ни во зрелите години.

Па, се запрашавме што јадат Јапонците за да останат фит?

По правило, Јапонците ги сведуваат појадокот, ручекот и вечерата на две јадења, кои содржат месо, риба, ориз и зеленчук. Трикот на оваа диета е тоа што калориите со текот на времето се намалуваат, што го тера телото забрзано да согорува маснотии. На крајот, резултатот од оваа диета е 8 кг помалку.

Прв ден
Појадок: Кафе без шеќер
Ручек: Две варени јајца, салата од зелка и една чаша сок од домати
Вечера: Парче печена или варена риба (150 грама)

Втор ден
Појадок: Кафе без шеќер
Ручек: Печена или варена риба со салата од свеж зеленчук (зелка, домати, краставица или зелена салата)
Вечера: Парче варено јунешко (100 г) и шолја кефир

Трети ден
Појадок: Црно кафе со крекери
Ручек: Тиквички испржени на масло
Вечера: Варено јунешко (200 г), 2 јајца, зелена салата

Четврти ден
Појадок: Шолја кафе
Ручек: Три варени моркова, 1 варено јајце, парче тврдо сирење (15 г)
Вечера: Свежо овошје и зеленчук

Петти ден
Појадок: Рендан морков со сок од лимон
Ручек: Пржена риба и шолја сок од домати
Вечера: Овошје по избор

Шести ден
Ручек: Варени пилешки гради (колку сакате)
Вечера: Две варени јајца и шолја сок од моркови.

Седми ден
Појадок: Чај
Ручек: Варено јунешко (200 г) и овошје
Вечера: Која било вечера од горенаведените, освен јунешко месо.

Во текот на овие седум дена ќе изгубите најмногу килограми. Водата ќе исчезне од организмот, како и подуеноста. Дозволено е да пиете 2 литри вода дневно.

Осми ден
Појадок: Кафе
Ручек: Пилешки гради и салата од зелка или моркови
Вечера: Две варени јајца и шолја сок од моркови

Деветти ден
Појадок: Рендани моркови со сок од лимон
Ручек: Пржена или варена риба со шолја сок од домати
Вечера: Овошје

Десетти ден
Ручек: Три варени моркова, парче сирење и 1 варено јајце
Вечера: Овошје

Единаесетти ден
Појадок: Кафе со крекери
Ручек: Пржена тиквичка
Вечера: 2 јајца, парче варено јунешко (200 г), салата

Дванаесетти ден
Појадок: Кафе со крекери
Ручек: Варена или пржена риба со рендан морков
Вечера: Варено јунешко (100 г) и шолја кефир

Тринаесетти ден
Појадок: Кафе
Ручек: Две варени јајца, варени моркови, шолја сок од домати
Вечера: Варена или пржена риба

Четиринаесетти ден
Појадок: Кафе
Ручек: Тиквички на скара
Вечера: Варено јунешко (100 г) и свеж зеленчук

Менито во јапонската исхрана е многу едноставно: многу јајца, риба и зеленчук, како и здраво месо.

Ќе забележите дека појадокот се прескокнува, односно се консумира само црно кафе или чај – слично на автофагија. Тоа значи дека Јапонците го оставаат телото да одмори од храната, за да може организмот сам да ја преработи внесената храна.


Извор: Убавина и Здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.