Во пресрет на Skopje Design Week 2024, на 19.октомври (сабота), со почеток во 11 часот, во просториите на Public Room во Скопје ќе се одржи работилница за редизајн на ранец.
Оваа работилница кој се реализира во соработка со „Литература.мк“, е наменета за сите млади креативци и талентирани дизајнери. Под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на SDW „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент. Во рамките на работилницата дополнително ќе се работи и на редизајн на маица.
Редизајнираните ранци и маици ќе бидат изложени во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ за време на ова издание на Skopje Design Week, од 6 до 11 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер.
Сите заинтересирани креативци може да пратат свои податоци (име и презиме, контакт-телефон и е-адреса) и кратко портфолио на axi@literatura.mk со назнака – Работилница за редизајн на ранец на Skopje Design Week. Повикот ќе биде отворен до 10. октомври 2024.
Настанот е со ограничен број од 20 учесници, а избраните кандидати ќе бидат известени на нивната е-пошта.
“Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на “Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Барселона дизајн вик” и Австрија “Дизајн”, фестивали од каде ќе видиме и најголме борј на презнетции и промоции. Истите ја промовираат Европската зелената агенда (European Green Deal Agenda) и дизајнот на идните млади дизајнери под мотото NextGenDesign.eu
Фестивалот “Skopje Design Week” е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.