Ако ја миете косата премногу ретко, ризикувате проблеми со скалпот што може да доведат дури и до губење на косата. Еве колку често треба да го практикувате миењето.

Ако вашиот скалп е сув и не користите многу производи за стилизирање, можеби е доволно да ја миете косата еднаш неделно. Сепак, ова не е универзално правило.

Иако пречестото миење на косата може да ја оштети, и премногу реткото миење може да има помалку од пожелни последици.

Ако искусите еден или повеќе од долунаведените предупредувачки знаци, обидете се да експериментирате со тоа колку често ја миете косата.

1. Мрсна коса

Најприметлив знак дека ретко ја миете косата е мрсниот корен и недостатокот на волумен. Патем, мрсната коса не само што е видлива, туку може да мириса поради мешавината од мртви клетки на кожата и себум на скалпот.

2. Формирање на првут

Првутот не е нужен знак за ретко миење на косата, но ако косата ретко се мие, на скалпот може да се акумулира себум и тоа доведува до создавање на првут.

3. Чешање на скалпот

Чешањето на скалпот не само што означува сувост предизвикано од премногу често миење, туку е и показател дека не ја миете доволно косата.

4. Безживотна коса

Ова може да се должи на акумулацијата од производите за стилизирање и нега, кои ја прават груба површината на косата и помалку способна да ја рефлектира светлината – особено ако користите многу сув шампон помеѓу миењето.

5. Губење на косата

Зголеменото опаѓање на косата може да укаже и на тоа дека не ја миете доволно косата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.