Почна најголемиот Новогодишен базар на првиот кат во Скопје Сити Мол за поддршка на 52 модерни ракотворци и ќе трае до 31 декември.
Во духот на претстојните празници, посетителите ќе можат да ја доживеат предновогодишната магија и да подарат уникатни производи, изработени од креативци од цела Македонија.
Деликатно направен избор на уметници, кои храбро конципираа и компонираа иновативни креации од кожни аксесоари, чанти, шапки, накит, преку новогодишни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, до колачиња во духот на новогодишните и божиќни празници, новогодишни украси и лижавчиња, рачни везови и облеки за миленици.
Како поддршка на македонските индивидуални артисти од 21 до 25 декември на штандовите се претставува првата група артизани со нивните брендови:
Арт Шаби чик, My lovely bag, Девојчето со книгите, Работилница Булкa, Pika.Jesmonite, Branchella, Art Studio Pleni, Boketto, Тиноски, Cariño handmade gifts and accessories, BAMBUS, Personalised Vacation, Marcy’s handmade, IKIGAI handmade, Studio 23, Атеље Сиена, AZSU Accessories, Julia Barbun, ЕКО восочни обвивки, VITRUM Studio, Creative lab, Esoapery, SugarLand, Глигор Кузмановски, Кожарска работилница Хорват и MORPHO.
Од 26 до 30 декември штандовите ќе ги исполни втората група ракотворци со нивните брендови:
Matrjoshka, Nalla the Pittie Shop, Quick Sox Mk, Panooramixx Leathersmith, SIEC, Пекара Ваташа, Filigree LARGO, Елена Ристовска, Блашка Ми Ева – Freya Fashion Jewellery, @Equilibrium. Fine. Arts, Coral Jewelry, Monkdolls, Wanderlust, Шарено ќоше, ARTNOK, MurMur Arts, Julie Decoupage, M&M Luxury soap bouquet, Stardust Kejt Rakotvorbi, Катарина Дода, V. P Handmade Woolen Craft, Unique Corner, Lenka Embroidery, Алегра, GLOW Natural и SugarLand.
И на 31 декември ќе земат учество ракотворци и од првата и втората група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.