Мет Гала се враќа на својот првичен термин, првиот понеделник во мај. Еден од најгламурозните настани за славење на модата и соединување на најпознатите фаци од светот на модата, шоу-бизнисот и спортот ќе се одржи овој 2 мај со тема „In America: An Anthology of Fashion“.

Во 2020 година, овој престижен настан за собирање средства за Costume Institute Met Museum во Њујорк беше одложен поради пандемија, а минатата година се одржа во септември во намален обем, па оваа година се очекува да го врати својот поранешен сјај.

Домаќините на церемонијата се менуваат секоја година, а оваа чест им припадна на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда.

На поканите што се испраќаат секогаш се истакнува шифрата за покана, а оваа година со изложбата „Во Америка: Антологија на модата“, темата е гламурот на златното доба и „белата вратоврска“, а акцентот ќе биде на инклузивноста, односно на иконските, но и малку заборавените имиња на американскиот моден дизајн.

Што можеме да очекуваме од најгламурозниот кодекс на облекување „white tie“ што вклучува облека, ракавици и свечени фризури за жени и смокинг за мажи? Токму така – дизајнерите може да најдат инспирација во филмовите како што се „Age of Innocence“ или серијата „The Gilded Age“ и во историјата на самиот Њујорк и неговите познати богати семејства.

Што се носеше на крајот на 19 век кога самиот Вог беше основан? Креации од заситени бои и нијанси на скапоцени камења, тантела, машнички, рифли, свила, кадифе… Задолжителен моден додаток беа капите, а се носеа корсети и богати здолништа.

Дали дизајнерите и нивните музи ќе можат да го оживеат тоа златно доба и дали изгледот навистина ќе биде антологиски, едвај чекаме да дознаеме. Во меѓувреме, погледнете неколку комбинации од претходните години:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.