Постојат различни диети кои гарантираат губење на тежината. Сепак, треба да се напомене дека практикувањето на одредени диети не е здраво, а дека корекција на исхраната со додавање на физичка активност е најздравата опција.
Сепак, за оние кои сакаат инстантно да ослабат или барем да изгледаат послаби во одредена прилика, постои „брза диета“. Имено, брзата диета се практикува еден ден, а најмногу 3.
Ја користеле дамите кои сакале брзо да ослабат за некоја посебна пригода, а трикот е да се јаде храна со малку влакна, кои желудникот брзо ги вари. На овој начин се губат масните клетки, но се намалува и надуеноста, што прави веднаш да изгледаме послаби.
„Целосно е можно да се израмни желудникот за 24 часа. Мојата исхрана веќе им помогна на бројни актерки и манекенки, а девојките ја користат пред, да речеме, првиот состанок“, вели Моника Гренел, авторка на модерната верзија на оваа диета.
Ова се златните правила:
Јадете помали оброци, но на секои три часа, дури и ако тоа е само една чаша јогурт или млеко.
Не џвакајте гуми за џвакање и не зборувајте додека јадете. Ако пушите, исфрлете ги цигарите тој ден. Проголтаниот воздух е најголемиот виновник за надуеност.
Избегнувајте газирани пијалоци, но и секој газиран пијалок, тука спаѓа дури и кафето со пена, капучино или било што друго што содржи пена!
Држете се строго до менито. Само залак недозволена храна, како што се грицки, парче леб, па дури и грст бадеми или ореви, ќе ги уништи резултатите.
Важно е да пиете многу течности, но не „преоптоварувајте“, пијте во мали голтки. Течностите вклучуваат вода, кафе и кафе со млеко.
Мени:
Појадок: малку јогурт, кајгана од две јајца или мала чинија урда.
Ужина: Мала чаша јогурт.
Ручек: Конзерва исцедена туна со младо сирење или 40 грама чаден лосос со малку младо сирење.
Три часа по ручекот: Кафе со млеко.
Вечера: Или една од опциите за ручек или омлет од две јајца со две лажици свежо сирење.
Ужина, само во случај да сте многу гладни, испијте чаша топло млеко. Ќе ви го „среди“ стомакот и ќе ви помогне да заспиете.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.