Генерално, детоксикацијата на организмот е тема со која се занимаваме веќе многу долго време. Иако самиот детокс наидува на многу контроверзии, сепак, експертите се согласуваат дека чистењето на организмот од време на време може да има бројни добри резултати по нашето здравје.
Што е детокс на база на вода?
Многумина ќе помислат дека станува збор за пиење исклучиво вода (без оброци), но тоа всушност не е случајот. Иако нашето тело умее само да се исчисти (благодарение на црниот дроб и бубрезите), сепак и нему му е потребна дополнителна помош за да може оптимално да функционира.
Тука на ред доаѓа детоксот, а најдобар начин за тоа е пиење доволно количество вода. Имено, секојдневната хидратација не служи само за чистење, туку помага и во правилната работа на сите органи, вклучувајќи ги и бубрегот, срцето, па дури и кожата.
Бенефити од детоксот со вода
Намалување на физичкиот и менталниот умор
подобрување на закрепнувањето на телото по вежбање
отстранување на токсините од организмот
подобрување на расположението
забрзување на метаболизмот и процесот на слабеење
подобрување на здравјето на органите за варење
Деток со вода – рецепти
Покрај стандардното пиење вода, постојат бројни вкусни начини како да се хидрираме во текот на денот и да го прочистиме нашиот организам.
Вода со куркума и лимон
1 литар вода
2 лажици куркума
3-4 лажици лимон
Промешајте ги овие состојки и испијте ја течноста во текот на денот. Ваквата напивка со вода многу добро ќе влијае на работата на црниот дроб.
Вода со краставица
1 свежа краставица, исечкана на парчиња
1 лимон, исто исечкан
4 чаши вода
Малку хималајска сол
Оваа комбинација е богата со витамин А и Ц, но и со калиум и делува многу добро врз функционирањето на целиот организам.
Вода со нане
половина свежа краставица, исечкана на кругови
1 лимон
Неколку листови нане
Овој освежувачки пијалак му дава на телото енергија, а има и премоќни антиоксиданси.
Вода со лубеница
1 чаша исечкана лубеница
1 рака свежо нане
4 чаши вода
Лубеницата содржи калиум, минерал кој ја поддржува работата на органите, особено на бубрезите кои се одговорни за исфрлањето на токсините од организмот.
Уште еднаш напоменуваме дека детоксот со вода може да се практикува секое време. Но, водата не е замена за оброк!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.