Овој познат унгарски специјалитет е добар што сигурно ќе го правите повторно и повторно.

Состојки: 350 мл вода, 2 лажици масло, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 25 гр квасец, 500 гр брашно.

Премаз: 50 мл вода, 50 мл масло, 4 чешниња лук.

Фил: мала шолја павлака, 100 гр кашкавал.

Подготовка:

Измешајте ги маслото и водата и додадете го ситно сечканиот лук.

Растворете ги шеќерот и квасецот во млака вода. Во сад измешајте ги брашното и солта и на средина направете бунар, па таму истурете го надојдениот квасец и замесете го тестото. Одозгора намачкајте го со малку масло и оставете го да отстои 20 минути на топло место за да се удвои во големина.

Потоа, малку замесете го и почнете да правите топчиња тесто со замастени раце и ставајте ги едно по едно да се пржат на масло од двете страни. Извадете ги на хартиена крпа која ќе впие вишокот масло, но, додека се сè ште топли премачкајте ги прво со лукот, па со павлака и одозгора изрендајте кашкавал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.